БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски: “НЕИСПОЛНЕТИОТ АМАНЕТ НА ПОП БОРИС”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

НЕИСПОЛНЕТИОТ АМАНЕТ НА ПОП БОРИС

На Поп Борис рацете да му се позлатат
За липите во црковниот двор што ги засади
И за грижата и за негата и за љубовта
Што им ја даруваше, та дури храмот го надвишија..

И кога Поп Борис службено го преселија
Ги благослови липите
И аманет остави
На верниците 
На селаните 
На наследниците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

О, чеда Божји ве заветувам
Чувајте ги липите,
Дворот црковен да го красат
Лисјата нивни чудесно да треперат
Кога камбаните црковни се гласат. 
И пак и пак ве заветувам
Мирисот од цветовите на липите
На мирис од темјан да ве потсетува.

По изминати повеќе лета 
Некои што биле должни да паметат
Чинам ненамерно 
Или ,не дај Господи , злонамерно
На аманетот заборавиле
И зулум направиле.
Ги пресекле липите,
Леле ги пресекле липите,
За пари трупците да ги продадат.

Какво безобразие,
Какво безочие
Какво богохулие
Какво безвластие
Какво безумие.

Прости им Господе, не знаеле што прават
Прости ни Господи и нам грешните
Што пред гревот да биде сторен
Уста не сме отвориле.

Пишува: Васил МАНЕВСКИ

Авторот е доајен на Пијанечкото новинарство, писател, патеписец, хроничар, поет.

Долгогодишен новинар на весникот Нова Македонија, дописник од Пијанец за Македонската информативна агенција, автор на голем број трудови со роднокрајна тематика

Автор на многу документарни радио и тв емисии.

Во наредниот период преку нашиот портал ќе објавиме дел од творештвото на овој значаен и плоден творец од Пијанечкото поднебје.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace