Калаѓерѓево е рој од оси
По Обозна змии пиштат и се ронат
Ако немате пушки земете коси
Кога ќе чуете камбаните да sвонат.
Додека над Голак виси sвезден рој
И шумата почива в зеленило и сјај,
Ние браќа тргнавме во бој
Нека крвав биде овој мај.
За да можат внуците да пеат
И нашите, нивни да си бидат ниви
Та со срце да орат и сеат.
Да живеат кога се живи!
Да не трпат робство и не веднат глава
А овој делник, празник да го слават.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ
(Од стихозбирката ЗАД ТВОЈОТ СОН 1980)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – нова фаза во развојот на македонскиот електроенергетски систем
Јаневска: МОН со системски пристап одговара на предизвикот на вештачката интелигенција во образованието
Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените