Македонско девојче јас во туѓина сретнав,
Го препознав веднаш, ми затрепери срцето.
Со бистри очи како езерцата пелистерски
Со руменило од ресенско јаболко на лицето.
Иако одговорот го знаев и ми беше јасен
Ја прашав зошто ја напуштила татковината?
-Затоа што вели:- Некои ни ја одзедоа иднината
Самобендисаници ни го украднаа животот…
Безумниците што ни ја преименуваа родината
Безочно не принудија да талкаме по туѓината.
В миг занемевме: немаше друго што да се рече,
Знаеме иселеничката река ќе продолжи да тече.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст