БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васко Ефтов: Политичката кариера на Зоран Заев зависи од референдумот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во гостувањето на отворената програма на АЛФА телевизија новинарот Васко Ефтов во детали открива интересни факти за актуелната политичка состојба во Република Македонија кои се актуелни околу целиот овој процес за спроведување на претстојниот референдум за промена на името и уставот на Република Македонија.

На прашањето од водителката на емисијата : Зошто Зоран Заев има потреба референдумот да биде консултативен а не задолжителен како што налага уставот за членство на државата во надворешни сојузи, новинарот Васко Ефтов во нему-познат аналитички стил одговара:

Политичката кариера на Приемиерот зависи од референдумот. Не зависи вашата новинарска или мојата новинарска кариера. На нас нема да ни се случи некој да дојде дома да ни го земе телевизорот, нема да дојде некој да ни ја земе работната маса воканцеларијата. Ние освен како Македонци со ништо друго не сме зависни од референдумот.

Зоран Заев е зависен. Неговата политичка кариера зависи од референдумот и од пост-референдумската разврска. Три ипол години во Република Македонија се инвестираше пари, енергија да Македонија дојде до сегашната ситуација. 2016 година на сите тие пари инвестирани, Зоран Заев не победи на изборите, изгуби со 20 илјади гласови разлика. Ако Зоран Заев не испорача соодветна бројка на референдумот, тоа ќе биде втор жолт картон за Зоран Заев, затоа Зоран Заев така и ги поставува работите. Јас и вие, не.

На прашањето од водителката:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Жолт картон од кого?

Васко Ефтов одговара:

Па видете, некој трошел пари. Јас и вие немаме толку пари, Македонските граѓани немаат толку многу пари. Ако Македонските граѓани повеќе од 50% се на работ на егзистенцијата, ако се исселуваат, тогаш немаат толку многу пари да инвестираат во одредени политички кампањи, да инвестираат во референдум, да инвестираат во шарени револуции, некој друг тоа го направил.

Ова е полу-финале на еден процес со кој Македонија се соочува во последните три ипол години

Погледнете го ова интересно и релевантно интервју на Васко Ефтов во АЛФА телевизија во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace