Германскиот атлетичар Уве Хон е единствениот гимнастичар кој успеал да го фрли копјето на одалеченост од 104,8 метри во 1984 година. Тоа беше првото и единствено фрлање во историјата над 100 метри.
Пред подвигот на Уве Хон рекордот за фрлање на копје во далечина беше 99,72 метри.Дострелот на копјето беше толку силен што го погоди крајот на теренот, речиси до тркачката патека. Сите на стадионот во Берлин останале шокирани во тој момент.
Не долго потоа, дизајнот на копјето беше променет, но не поради резултатите на Уве. Првата цел беше да се намали должината на летот, а втората да се избегнат честите т.н рамни слетувања. Со нив копјето не се забивало во земја, туку само ќе се „лизнело“ на тревата. Поради ова, било тешко да се измери резултатот, а безбедноста на сите учесници била загрозена. Поради промената на дизајнот на копјето, рекордот остана познат како „Вечен“ и многумина го сметаат за недостижен. Најблиску до него се доближи Јан Железни. На средбата во Јена во 1996 година го фрли копје до 98,48 метри.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените
Темната историја на Ирма Грезе: Хиената од Аушвиц
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска