Ѕвездата на филмот “Клекнат тигар скриен змеј” Чо Јун Фат пред неколку години добил едни поинакви планови за своето материјално богатство стекнато како ѕвезда на боречките филмови. Тој решил да го донира целото свое богатство во добротворни цели. Причина за тоа е како што изјавил самиот тој:
“Парите не се мои. Јас само ги чувам на одредено време.”
Истакнувајки дека парите не се извор за среќа во животот тој додава:
“Мојот сон е да бидам среќна и нормална личност. Најтешката работа во животот не е колку пари ќе заработиш, туку како да имаш мирна совест и да го живееш остатокот од животот на едноставен и безгрижен живот.”
Чо Јун Фат тежи околу 714 милиони долари и isпланираl на кој начин да ги донира сите во добротворни цели.
Тој е роден на островот Лима во Хонг Конг од мајка која била чистачка и фармер и татко кој работел на нафтени бродови-танкери кои пренесуваат нафта. Пораснал во фармерска заедница без електрична енергија. Станувал секое сабајле и одел со мајка му да и помогне во продавање на тревки по улиците на градот а во попладневните часови од денот заминувал на нивите каде работел до мрак.
Неговото семејство се преселило заедно со него во Ковлун кога тој имал 10 години а на 17 години го напуштил училиштето за да помага во прехрана на семејството работејќи најразлични работи: поштар, таксист, продавач на камери итн.
Среќата му се променила кога потпишал 3 годишен договот со локална ТВ станица каде неговото лице станало препознатливо во ТВ сапуниците кои ги продуцирала оваа ТВ компанија а ги продавала во странство своите производи.
И покрај огромното богатство кое го поседува за кое изјавил дека ќе го донира, 67 годишниот актер месечно троши не повеќе од 100 долари со што за себе си има обезбедено скромен живот кој го прави среќен.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Што значи Bajram Šerif Mubarek Olsun, а што значи Allah razi olsun?
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција