Гордана Димитриеска- Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ ја алармира јавноста за “зихераштвото” и незнаењето на поедини членови на владата кое што ја носи државата кон банкрот.
“Кога првиот човек во старо новата влада, вицепремиер за економски прашања не знае да пресмета БДП, што понатаму да очекуваме?
Тоа е како да не ја знаете буквата А од азбуката. Пресметката на БДП за половина година не се пресметува како просек од два квартали. – 6,4% е правилна пресметка на БДП врз база на индекси по постојани цени (база 2005). Е затоа не ни оди во економијата. Ако од почеток не ги разграничиме работите и не ги утврдиме оние кои ќе ја придвижат економијата, ние губиме време. Тоа време чини пари и нѐ носи назад. Добро е што до сега не банкротиравме, но на прав пат сме за тоа.”
-напиша на фејсбук поранешната заменик министерка за финансии.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“