БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Видео запис на Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“- Ориентален микс

Пренеси го гласот

Во дворот на храмот Св. Никола во Вевчани, неодамна се одржа промоција на првиот видео запис на Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Видео записот е снимен на неколку атрактивни локации во магичното Вевчани, но посебно делот каде се гледаат Вевчанските извори.

Спотот е снимен во висока резолуција со употреба на најсовремена опрема од страна на „Шпанец“ продукција од Охрид. Оркестарот изразува благодарност и до членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани кои учествуваа во драматизацијата на видео записот.

Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, е формиран во 2001 година, како оркестар составен од две зурли и два тапани, и до ден денес, веќе осумнаесет години опстојува, ја негува, обработува и промовира изворната музика наменета за овој вид инструменти.

Креирано од:


Пренеси го гласот