БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак: Само на сон, датум за ЕУ.

Пренеси го гласот

Додека во Македонија се продава приказната како блескаме, како пари се враќаат кај граѓаните, па зелена нафта, па потоа како сме пример за соседството, потоа како платите растат, невработеноста опаѓа, како нижиме победи на секаде и на секое поле, како правната држава го задава конечниот удар итн, реалната слика, без оние розови очила кои ги носи на себе Костадин на мајка Костадинов, е сосема поинаква.

Во 7 дена македонската влада не успеа да положи еден клучен испит за спроведување на правната држава, а веднаш од наредниот ден, директно од „чизмата„ доби неколку „тешкашки„ диреци во серија „ ала Мајк Тајсон„ во лице.

Прво: Рената Десковска се потпиша на “Сингапурската Конвенција” која всушност е меѓународна конвенција на Обединетите нации за меѓународни договори за спогодување, што произлегуваат од медијацијата. Во соопштението на Министерството за правда, меѓу другото, стои: “Испраќаме сигнал до странските инвеститори дека ги прифаќаме меѓународните инструменти со кои гарантираме сигурност на странските инвестиции”.Неколку часа подоцна кривичен суд го одби барањето на Република Србија за екстрадиција на Томор Морина кој се терети за воени злосторства против човештвото. А со тоа Македонија прекрши неколку конвенции ратификувани од страна на Собранието.

Дали екстрадицијата не е алатка за меѓународна соработка ? Каков сигнал испраќаме со не екстрадирањето на ваков престапник ? Дали странските инвеститори ќе се чувствуваат безбедни во држава која заштитува вакви злосторници ? Дали не екстрадирањето на Томор Морина е во духот на ЕУ вредностите ? Дали прекршувањето на ратификуваните конвенции од Париз во 1957 и Стразбург во 1975 и 1978, како и законот за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција од 2013та сл. весник 135/2013, нема да не чинат негативни поени во трката за добивање датум ? И дали прекршувањето на една конвенција нема да е доволен сигнал дека во иднина Македонија нема да ја прекрши и Сингапурската конвенција, која Рената Десковска славно ја потпиша ? – ова се само прашања чиј одговори ќе го одложат датумот, лажно најавен, во Октомври.  

Второ: Другиот ден почнуваат да протекуваат видеа на италијански медиум кој вирално се шират по социјалните мрежи и од наративите на истите видеа како и во дневните весници во Италија се вели дека зад целата оваа работа, стои кој друг ако не, Катица Јанева.

Новинарот Ларис Гајсер кој вели дека: ризикува во блиска иднина да не можи да доаѓа во Скопје; меѓу другото, споменува дека во целата оваа игра покрај Катица Јанева има замешано уште поголеми играчи од македонската политичка сцена, алудирајќи на Зоран Заев, кој според видеата, според мене и според она што пред две недели го напишав во колумната „Рекет„, е врвот на пирамидата, или главата на октоподот. Но она што е уште по интересно, а што го наведува Ларис Гајзер е тоа дека во целата оваа игра вклучена, како подршка, е и Федерика Могерини, што не носи уште подлабоко и на поцврста подлога ги става сомнежите дека во оваа збрка има замешано и некој дипломат. Меѓу другото, Могерини е спомената како поддршка на револуцијата на Зоран Заев, како и голема поддршка на Катица Јанева која имала единствена цел: „Политички да ги ликвидира сите опоненти на Зоран Заев, од блиското минато, како и политичките опоненти кои допрва ќе се најдат на патот на Зоран Заев„. Но нештата тргнаа, за нив, по зло.

Новинарот Ларис Гајзер, поседува уште документи, а во наредните денови вети дека ќе продолжи внимателно да ги истражува и да објавува дел по дел, со цел да се стигни до голата вистина која сигурно ќе боли.

Друго што е сигурно после сите овие работи е тоа дека уште од сега треба да биди јасно оти датумот кој лажно е најавен за во Октомври, нема да дојди, а веќе уште од сега го поставувам веќе одамна затвореното прашање за НАТО: Дали НАТО членките, или конкретно Норвешка до која треба да седиме, сакаат да примат ваква членка, со ваков правен и политички систем ?

Ете не знам, ама сигурно во наредните денови или најдоцна за месец дена ќе ни се разјасни.

И она со што сакав да завршам е тоа дека Април или Мај е многу доцна за предвремени избори, мислам дека уште вчера, а не  утре, требаше да се распишат новите предвремени парламентарни избори и да го погребаме ова неславно владеење на Зоран Заев и целиот криминален шлајм насобран околу него.

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот