БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Овој викенд ќе започне фестивалот „Крушево низ корија – петта епизода“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Овој викенд, на 17 и 18 август во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено Крушево низ корија со планински и велосипедски тури, тандем параглајдинг, забава под отворено небо и кампување на Мечкин Камен.

Крушевската природа, свежиот чист воздух и прекрасниот поглед се подготвени за Вас. Планинската тура започнува од Спомен куќата на Тоше, преку историската Слива каде се одвивала најголемата битка за одбрана на Крушевското население се искачуваме до Крстот над Крушево, местото со најубавиот поглед на Светот. Турата продолжува преку прекрасниот манастир св.Преображение до врвот Мусица (1788 мнв), највисоката точка на Бушева планина. Потоа полека се спуштаме низ Крушевската корија, до скијачите терени Станич и каде што на времето скијале кумитите. Турата завршува во познатот крушевско „летовалиште“, одморалиштето Бегова Корија, каде ќе биде послужен вкусен ручек. Изодете го комитското Крушево како некогаш славните крушевски Комити и Војводи!

Планинарските тури ќе ги водат лиценцирани и искусни водичи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace