БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поставена гумена подлога под детските реквизити во паркот во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како дел од активностите за збогатување и уредување на просторите за игри и рекреација на жителите во градот Берово, вклучувајќи ги и оние најмалите, деновиве се изврши поставување на гумена подлога на детските реквизити за игра поставени во градскиот парк во Берово кои беа донирани од компанијата Зегин.

Гумените плочки кои се со димензија 40х40 сантиметри и дебелина од 2 сантиметри се поставени на површина од 73 м2, преку кои е опфатен и новоизградениот летниковец кој се наоѓа во непосредна близина на детските реквизити.

Со поставувањето на заштитната гумена подлога се допринесува за поголема безбедност со тоа што истата ги намалува повредите на дечињата, а исто така е лесна за одржување и чистење и претставува одлична замена за старите типови на нехигиенски подови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Реализацијата на овој проект е овозможена преку Буџетот на Општина Берово за 2019 година. – известуваат од општината.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace