Бришењето на било кој дел од минатото и на она кое некогаш се случило и било доказ за постоењето на нашите предци, значи откорнување на корените. Одземањето на историскиот легитимитет значи одземање на правото на државотворност и правото на посебност на еден народ. Минатото е доказ за нашето постоење. Тоа ја потврдува нашата сегашност и создава гаранции за иднината. Ако ние, како наследници и потомци на претходните генерации, немаме право на нивното наследство, тогаш остануваме бескуќници и луѓе без име и презиме. Иднината станува неизвесна. Го губиме и идентитетот и правото на државотворност. Тоа е суштината на битката за ИСТОРИЈАТА на Балканот и битката за обезличување на Македонците. Во Европа на големите луѓе, не во бирократска ЕУ, одат само народи со своја посебност, историја и културни дострели. Народи со идентитет, а не обезличени и недефинирани сенки кои заборавиле кои се и што се, кои ништо не научиле од учителката на животот. Таквите ќе бидат подложени на долгорочна терапија
и тивко умирање.
Пишува: Виолета Ачковска

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!