Денеска на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека преку Парламентот на Република Македонија од Владата на Димитар Ковачевски ќе бара законски измени за даночни олеснувања за побезболно надминување на актуелната криза во која се препуштени сите граѓани на државата.
“![]()
ВМРО-ДПМНЕ, преку Собранието на Република Македонија, бара:
0% ДДВ за промет и увоз на производи за човечка исхрана (наместо 5%);
0% ДДВ за топлинската енергија за греење (наместо 5%);
продолжување на важноста на 5% ДДВ за електрична енергија по 1-ви јули 2022-ра;
50% намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати.
Владата да не спие! Актуелната геополитичка состојба ќе влијае врз цената на енергенсите и затоа да ги прифати нашите неопходни и итни мерки. Ако е суетна, нека ги предложи таа, а ние ќе ги прифатиме веднаш.”
-соопшти пратеничката Дафина Стојаноска преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена