БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владиката Петар против забраната за посетување гробишта: Нека не прават селективен однос кон верниците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Владиката Петар во прилог на ТВ СИТЕЛ упати своја порака кон надлежните функционери од власта кои што селективно применуваат рестриктивни мерки врз граѓаните во различни верски групи во МАкедонија.

“Ама, ќе го исфрлат и него од местото каде е, ако така продолжи. Оти не рече така за Ифтар… Или тогаш му изеде кравата јазикот? Нека мислат и тие кога нешто ќе кажат. Значи до крај треба да бидат понижени православните? Затоа што за Велигден никој не отиде ни в црква… беа затворени црквите итн? А за другите се даде одобрение, тие кажаа нема да почитуваме мерките и никому ништо. Нека не прават селективен однос кон верниците од ниту една вера, зашто ние немаме ништо против муслиманите, ама не сакаме властите кон нас ваков однос да имаат и тие да не делат. Сите овие мерки треба да се почитуваат, се согласуваме, ама да му забраниш некому да оди на гробишта… мислам ја претераа. Значи се голтна апчето за Велигден, но ова луѓето нема да го голтнат“.

-соопшти Митрополитот на Преспанско-пелагониска епархија, Владиката Петар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходно според прилогот на Сител и владиката Тимотеј ги повикал верниците в црква на молитва, односно рекол дека црквите ќе бидат отворени за верниците, истакнувајќи истовремено и дека секој кој може треба да ги посети и гробиштата.

Од Повардарската Епеархија во текот на вчерашниот ден исто така упатија повик до верниците да ги посетат црквите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace