БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Позитивна Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Функционерите во власта самоизолацијата пресериозно почнаа да ја сваќаат како една од позитивните придобивки од нивната работа.

Почнаа да општат со народот исклучиво зјапајки во своите камери од дома без воопшто да одат на работа. Ама затоа платата на контото “пичи” во позитива до бесвест. И сето тоа за доброто на граѓаните. А народот има право да седи дома пред телевизор, ако има пари да си купи пуканки арно, а ако нема пари за таков луксуз му преостануваат сопствените лиги да го удави позитивниот RH- фактор на своите желудични киселини од есенскиот ајвар.

Откако го пандемисаа Скопје со максимален позитивитет, побрзаа да ја пандемисаат цела Македонија-позитивно со нивните позитивни мерки. Скопјани никогаш толку многу не ја сакале периферијата на државата како за овој духовденски викенд. Ефтината нафта мора брзо да се потроши зошто еве кај и да е акцизата пак може да скокне во позитива.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И прашањето во состојба на вакви позитивни самоизолациски достигнувања не е дали имаш со што да преживееш. Прашањето е кој е крив за тие што се само-заразиле или тие што само-починале. И дали требало или не требало да се прави корона-тест пост мортем. Во отсуство на “Миле-ми рече”, сега “Наќе е крив”. А човекот изолиран како сираче во деспотската влада која после битката против МПЦ преку актуелното мешање во црковните работи и забраните за практикување на верскитњ традиции кај и да е ќе се претвори во нова црква. А Оли кој изгледа најневино во своите во-живо обраќања од дома ќе биде прогласен за нај-Богородица од сите… Веднаш после Филипче се разбира. Но напорната работа од дома бара свои жртви.

Се прават нови флаери за делење за новата позитива во државата…

А државата попозитивна не била никогаш. Мислам имало и титово и кирово и бранково и љупчово и груево… ама ова заевово е најпозитивно. Луѓето се позитив до позитив…

Позитивата оди до таа мера што е дојдено времето живите да заборават на умрените.

Па така е другари! Ние за живот се боревме а не за умрените,

-ќе пишува на новиот флаер кој ќе се дели од напатената партиска администрација откако “пикот’ ќе и’ “падне” на владава….

Гледам има анкета по интернет:

Дали сакате владава комплет да си замине од земјава….

И таму позитива до плафон. Речиси сите се изјасниле позитивно на ова прашање. Не случајно Оливер и Филипче ги отворија границите на Македонија за летово. Сега уште да се најде доволно домазетска земја која ќе ја прими…. Владава….

И ајде што се чека со изборите? Мислам дека после едни вака најавени корона-избори, по позитивно нешто во Македонија не може да се случи.

И Наќе повторно да се подготви да биде пак тој крив за таа нова уште попозитивна Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace