БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сатирата никако да стигне до власта: Сашо Тасевски e подготвен за карантин до Нова Година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на актерот Сашо Тасевски со кој се исмева функционирањето на актуелната власт во државата:

“Како сме го убивале коронот сега во Стокомак.
Триесетина души во ред. Се пцуе власта, се кива се кашла, ама строго во маска.
После ко магаре натоварен одам дома, па одам во Тинекс, ред до Драмски театар. Прво помислив редот е пред Драмски за детска претстава, ама ми текна, пред Драмски нема таков ред 40 години.
И пак натоварен ко камилата на шеикот, дома.
Сега имам раце од сто метри, тестисите ми кружат околу јетрата, ама сум среќен. Подготвен за карантин до Нова Година. Се е супер, само да кажеа два дена порано за карантинот. Ама и вака е топ. Зошто мора сите да сме слободни? Слободата е напорна. Треба да знаеш со неа.
Карантинот е среќа. За луѓе од желе. За мене и тебе.
Во карантин сум, значи постојам.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace