Во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА, на Претседателот Африм Гаши на политичката партија “Алтернатива” беа изнесени шокантни тврдења дека на листите со кандидати за пратеници во Македонскиот парламент на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса се наоѓаат луѓе кои што се поврзани со исламски радикални групи.
Гаши потврди дека гласачите на СДСМ во изборните единици под број 1, 2 и 6 ќе имаат можност да гласаат за луѓе кои произлегуваат од БЕСА на Биљал Касами а кои сега се наоѓаат на заедничките листи на Коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА на претстојните парламентарни избори.
Со тоа се потврдува стравот на Македонците кои се загрижени за своите права во сопствената држава дека ќе продолжат отстапките на Зоран Заев и СДСМ на штета на Македонските национални интереси доколку им се укаже можност после изборите. Ваквата пракса на распродавање и погазување на Македонското достоинство и Македонскиот национален идентите започна со коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ во 2017 година и имплементација на одредбите од т.н. Тиранска платформа.
Во продолжение погледнете го тој дел од разговорот во студиото на ТВ АЛФА со Претседателот на Алтернатива Африм Гаши:
via ytCropper
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ