БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта во Штип за 16 месеци загуби речиси 6000 гласови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За причините за падот на поддршката од страна на граѓаните на општина Штип кон актуелните власти, со свој фејсбук статус се осврнува Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

Поради тоа што донесовте депресија, сиромаштија и поделено општество за неполни две години во Штип ја губите довербата од речиси 6000 наши сограѓани.

Господа од СДС ќе продолжите да губите! Во Европа нема место за политичари чии политики се темелат на комунистички концепти. Го прелажавте народот, го разочаравте и го оставивте на цедило.

Битни се само вашите лични и фамилијарни интереси. Народот во Штип е разбуден и повеќе нема да дозволи да владеат поедини фамилии. Народот си дојде по своето. Македонецот го возвраќа ударот. На 5 мај уште повеќе ќе загубите затоа што народот препознава што е чесен пристап и напорна работа, а што лага, манипулација и личен интерес.

Македонија повторно ќе биде горда и достоинствена земја во која среќно ќе се живее. Во Македонија повеќе нема да има место за транзициски партии како СДС.

Времето кога ќе заминете во политичката историја забрзано одбројува.

-напиша на фејсбук Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace