Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по радикално поразителните податоци на драстично порасната бројка на заразени граѓани со Ковит-19 и бројот на починати граѓани како резултат на заразеност со корона вирусот упати радикално барање во јавноста за итно распуштање на Комисијата за заразни болести на чие чело стои Др- Жарко Караџоски.
“По „црниот понеделник“, бараме итно распуштање на Комисијата за заразни болести, на чело со политикантот и пион на Заев и Филипче, Жарко Караџоски!
За д-р Караџоски, статистиката стана поважна од струката, за Филипче, PR-от стана поважен од пандемијата, а за Заев, „Корона-изборите“, поважни од здравјето на граѓаните.
Македонија остана единствената земја во регионот каде ризикот од #COVID19 се зголемува… Време е за #оставка!”
-напишаа во своето соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија