БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во петок на Денот на Македонската револуционерна борба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во петок на 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба кога е основано историското ВМРО пред 127 години ќе реализира поголем протест со возила во Скопје и во Штип.

Според агендата на протестот предвидено е поворки од возила да бидат “окупирани” повеќе улици низ главниот град почнувајки на пладне по што учесниците на протестот ќе се упатат пред Македонскиот парламент каде свое обраќање ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Потоа поворката со автомобили ќе се упати кон Штип каде ќе се реализира поголем собир пред учителската школа во која што учителствувале лично Гоце Делчев како и Даме Груев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение го пренесуваме соопштението кое што опозициската ВМРО-ДПМНЕ го упати во јавност по повод овој протест:

“Протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили на 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација.

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чуство кое ни го негираат.

Ве покануваме на протест против мафијата, за правда и слобода. Маршот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф др Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Време е за одговор. Од секој зависи!”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace