БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче јасно да каже кои се неговите компании во Петрич и како профитираат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија.

А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче,  нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Математиката на СДС е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт.

Две години се опозиција, ништо немаат понудено, бегаат од работни групи, не гласаат за ништо во Собрание, што е од општествен интерес, се караат со медиуми, спинуваат изјави на странски амбасадори во земјава, и се занимаваат со се освен со тоа што им е работа.

Креирано од:


Пренеси го гласот