БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ одаде почит на споменикот на загинатите бранители кај месноста Карпалак

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ одаде почест на највисоко ниво пред споменикот на загинатите бранители кај месноста Карпалак.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ придружуван со свои сопартијци во оваа прилика даде изјава за јавноста во која ја изрази својата почит на највозвишената жртвоа што еден поединец може да ја даде за својата татковина.

Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Да изразиме почит кон оние кои што ги положија своите животи кај Карпалак за да ја одбранат Македонија, нејзината самостојност и територијална целовитост.

Нив им должиме многу, им ја должиме слободата која што ја имаме денес. За нивните семејства тоа е вечен непребол, за Македонија тие се херои, како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите повредени.

Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија затоа што за тоа се бореа овие херои.

За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace