Во вечерашното издание на емисијата ТОП ТЕМА со Снежана Лупевска Созен во кое што гостуваше Министерот за внатрешни Работи на Република Македонија Наќе Чулев главна тема на дискусија беше работата на МВР во услови на спроведување на комплексни задачи наметнати од страна на Вонредната состојба и мерките на Владата за справување со пандемијата со Ковит 19.
Покрај прашањата и одговорите во врска со повеќе актуелни состојби и постапки на МВР во врска со спроведување на овие мерки Министерот Наќе Чулев соопшти дека за сите случаи министерството постапува неселективно и професионално.
Во случаите каде што се детектирани пропусти и злоупотреби од страна на службените лица на МВР, за истите се поведени содветни постапки согласно законот а во својата работа полицијата информмираше Министерот Чулев.
Тој во интервјуто исто така ги нагласи своите напори и напорите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со своите конструктивни предлози да допринесат кон надминувањето на кризата во вид на предлог-уредби до Владата, но истите не наишле на позитивни синали и поддршка од страна на владеачката СДСМ и нивното мнозинстви членови на Владата.
Дополнително Министерот Чулев најави доставување на предлог до владата за намалување на времетраењето на полицискиот час од сегашното времетраење од 16.00 до 05.00 часот наредниот ден, тоа да се промени во времетраење од 19.00 до 05.00 часот наредниот ден.
Колку ваквиот предлог ќе наиде на позитивен одглас кај владеачката партија останува да видиме, наспроти се по растечкото незадоволство на граѓаните од должината и оправданоста на полицискиот час во државата во текот на неделата и за викендите.
Во продолжение погледнете го целото интервју со Наќе Чулев во Топ Тема на Телма ТВ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена