Има ситуации кога лица се носители на ковид-19, но немаат симптоми. Доколку на вакво лице му треба хируршка интервенција нема точен протокол за тоа како да се постапува. Медицинските лица генерално немаат соодветна и доволно опрема. Се вели дека има доволно опрема, но моите колеги со кои сум во контакт велат нешто друго. Велат дека не се чувствуваат доволно заштитетно, дека немаат доволно опрема, дека нема информации за употреба на опремата, а особено е важен тој момент. Замислете што ќе се случи ако една хируршка екипа оперира лице кое нема симптоми, а е носител на ковид-19. Во ваков случај кога нема прецизен протокол и кога нема доволно и соодветна опрема замислете цела медицинска екипа ќе се зарази.
Оттука многу е важно да има соодветен начин на набавка на опремата. Секоја здравствена институција си набавува сама за себе, а треба централна набавка. Ако има таква набавка се има преглед која здравствена институција колку и што има, и полесно ќе оди опременоста и набавката на опрема. Набавката на опрема сега оди и многу тешко, тешко се наоѓа опрема, на светскиот пазар и веќе нема опрема, а и платена опрема не може да се добие.
-Доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за телевизија 24