БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Внимателно возење на патните правци Делчево-Кочани и Берово-Виница

Пренеси го гласот

Сосотојбата на патиштата во Брегалничкиот регион е нормална. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни.

Поради температурните осцилации можни се одрони на патниот правец Делчево-Македонска Каменица- Кочани, за што се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина на условите на патот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот