Денеска на прес конференцијата на која Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за економските неуспеси на актуелната влада на поставено новинарско прашање во врска со инцедент кој што го предизвикал еден од поблиските соработници на Мицкоски ги манифестираше своите лични определби и определбите на партијата на кој начин ќе ги третира сите оние кои што ќе покажат недозволено поведение или недај-Боже противзакоски дејства.
Прашање: Господине Мицкоски, го спомнавте вашите стратешки советници. Изминативе денови еден од нив беше вмешан во еден инцидент. Станува збор за Томислав Димитриовски, поранешен амбасадор во Љубљана, кој нели извадил, репетирал пушка, бил во некаков инцидент со насилство. Како ќе го прокоментирате ова, и дали ќе понесе некаква одговорност?
Одговор: Да, точно. Не бев јас тука кога се случи тој настан. Разговарав со Томи, го следев случувањето во медиумите. Инаку, да потсетам и да ве корегирам, Томислав не е мој стратешки соработник, тој е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека, на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена. Правдата не треба ние да ја земаме во свои раце. Има органи во државата кои што треба таа правда, нормално, да ја реализираат. И, доколку некој се чувствува нападна, навреден комотно може да се јави и да побара заштита од Министерството за внатрешни работи. Така што, и покрај тоа што станува за човек кој што го познавам од детството, човек кој што навистина има квалитети, и човечки но и дипломатски, но, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам од Извршниот Комитет негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов.
Целата прес конференција со обраќањето на Христијан Мицкоски како и одговорите на новинарските прашања погледнете ги во продолжение:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани