Бреговите на река Брегалница во центарот на Делчево денеска беа место каде што голем број делчевци го чествуваа чинот на положување на Светиот Крст во водите на реката која од памтивек дава живот и убавина на ова питомо место.
Денешното чествување на Св. Богојавление Водици започна со Божествена литургија во градската црква Пресвета Богородица по што свештените лица предводени од Епископот Марко заедно со голем број верници се упатија на мостот на река Брегалница во центарот на Делчево.
На централниот настан кој започна во 10.30 часот со осветување на водите на река Брегалница беше пуштен Светиот Крст во студените води на Брегалница кој што голем број учесници- фаќачи на крстот се пуштија да го извадат од осветената вода.
Среќниот пронаоѓач на Крстот оваа година беше Благој Мирчевски кој што после неколку години учество во оваа манифестација токму денеска му се укажа честа по Божјо провидение да биде среќниот пронаоѓач на Светиот Крст.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево