БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево отворена изложба на дела од Ѓуришката ликовна изложба [галерија и видео]

Пренеси го гласот

Денеска во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево беше отворена изложба на ликовни дела од 20-та Ѓуришка ликовна изложба од Свети Николе.

20-тина ликовни дела кои пленат со својата колоритност и визуелизација беа ставени на увид на делчевската публика која вклучуваше љубители на уметноста од различни возрасни категории.

По традиција свое учество во настанот зедоа учениците од ООУ “Ванчо Прќе” од Делчево кои што работат на поле на уметноста под менторство на нивната наставничка Антонела Манева, како и учениците од СОУ “Методи Митевски Брицо” со нивната професорка по ликовна уметност. Изложбата во фоајето на Спомен домот во Делчево исто така беше посетено и од страна на поголем број повозрасни љубители на уметноста што е особен поттик за унапредување на ваквиот начин за трансмисија на уметноста за да стигне до што е можно поголем број на публика.

Исто така за особена афирмација е и квалитетот на прикажаните ликовни дела и нивната уметничка вредност, што како печат на ова време се создаваат од современите македонски но и странски автори во функција на глорификација на ликовното творештво на нашиве простори.

На отворањето на настанот свое обраќање пред присутните посетители во Фоајето на Спомен домот АСНОМ свое обраќање имаше Директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во својство на домаќин и Директорот на Домот на културата Крсте Мисирков од Свети Николе Никола Тренчев.

Делата од минатогодишната Ѓуришка ликовна изложба ќе бидат поставени во наредните 10 денови за сите заинтересирани граѓани да може да ги погледнат и да се инспирираат од нивната естетика и колоритност.

Креирано од:


Пренеси го гласот