Денеска во Делчево беше презентиран Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) изработен во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“. Целта на оваа јавна консултација е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува стратешките приоритети, инфраструктурата и активностите потребни за одржливо управување со отпадот, во согласност со националните и европските еколошки цели. Стратегиската оцена ја оценува потенцијалната еколошка импликација на предложениот систем и предлага мерки за нивно ублажување и подобрување. На јавната консултација присуствуваа, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, градоначалничката на Општина Македонска Каменица , Соња Стаменкова, претставници од Советот на Општина Делчево, од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“, како и заинтересирани граѓани.
Во Делчево се презентираше Регионалниот план за управување со отпадот и Стратегиската оцена на животната средина

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа