Македонскиот бенд “D’Reamers” ја претстави својата најнова песна „Таа“, која претставува десетта и воедно последна нумера што го заокружува нивниот дебитантски музички албум. Со ова издание, групата го најавува финалниот чекор пред официјалната промоција на албумот, која ќе биде обелоденета наскоро.
Во „Таа“ е вложена силна авторска и продукциска енергија, текстот е напишан од Синиша Карафилоски, а аранжманот е дело на Дамир Пух и Наташа Миха. Песната го добива својот финален звук во„GreenRoom Sound Studio“, каде што се реализирани продукцијата и миксот. Посебно значајна е и вокалната изведба, зад која стои Јордан Џејмс Ивановски, додавајќи препознатлива емоција и интерпретативна сила на нумерата.
Видео-сторијата на песната е збогатена со настапот на познатата актерка и уметник Ирина Кузевска, која се појавува во официјалниот спот и внесува дополнителна визуелна длабочина.
Со „Таа“, D’Reamers уште еднаш го потврдуваат својот препознатлив стил и уметничка зрелост, а публиката со нетрпение ја очекува промоцијата на албумот, која се најавува во блиска иднина.
Во продолжение следува и линкот до самиот аудио и видео запис.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!