На ден 03.11.2025 Среда по повод „Меѓународниот ден на лицата со попреченост “Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево, раководено од „Стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура“ Александар Белогаски во соработка со ООУ„Климент Охридски, ООУ „Ванчо Прче“ и СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево ќе го реализира проектот „Ликовна работилница заедно со Центарот за дневен престој за лицата со попреченост“ од Делчево.
Проектот е изготвен од идеа до реализација од „Стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура“ Александар Белогаски при што е финансиран од Министерството за култура на Македонија во рамките на годишната програма за проекти од национален интерес на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево.
Ликовната работилница ќе се реализира во просториите на “Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“. На проектот ќе учествуваат 7 лица од ателјето и 10 лица од „Центарот за дневен престој за лицата со попреченост“ од Делчево. На ликовната работилница ќе се работи со техниката акрил на платно каде е предвидено децата од ателјето и лицата од Центарот да си помагаат и соработуваат меѓусебно и да ги разменат нивните искуства во полето на уметноста, цртањето и сликањето. За нашиот портал Александар Белогаски изјави дека по завршувањето на ликовната работилница делата ќе бидат донирани на „Центарот за дневен престој за лицата со попреченост од Делчево“ од Делчево каде ќе бидат изложени во нивните простории како што беше и во досегашна пракса од претходните работилници од предходниот период.
Овој проект се реализира традиционално во рамки на Програмата на Министерството за култура со години наназад, што говори за значењето на истиот за локалната заедница во Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
На 12 јануари ќе се одржи јавна трибина за граѓанската иницијатива за определување локација за спомен-обележје
Ова се сите сообраќајници за чие чистење се подготвени надлежните служби во Делчево при поголеми врнежи на снег
Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско