На 27.05.2024 во 07.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „сеат леон“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од Пробиштип, удрило во И.К.(41) од Штип, кој извршувал работни задачи на патот, а потоа излетало од коловозот. Во несреќата, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
На 27.05.2024 во 11.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково – Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната К.М.Л. од с.Врсаково, штипско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Ж.М.(53) од истото село, додека К.М.Л. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
-Извадоци од Дневен билтен на МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”