БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во фантом-објект кој во катастар не постои вчера, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски присуствуваа на промоција на книга во организација на делчевскиот градоначалник

Пренеси го гласот

Во рамки на Програмата за одбележување на денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и 30-годишнината од Денот на независноста на Македонија во Делчево вчера присуствуваа Претседателот Стево Пендаровски и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на настан за промоција на книга од Трајан Гоцевски.

Настанот во организација на општина Делчево и Градоначалникот Горан Трајковски беше организиран во приватен објект во непосредна близина на Делчево. Овој приватен објект според податоците од катастар не постои на документи иако на терен е изграден во своевиден хотелски комплекс со базен и останати деловни и комерцијални содржини.

Не е јасно како највисоки претставници на државни институции кои што се одговорни за безбедносни прашања од највисок вид немале предвид во каков објект влегуваат и дали објектот е легален или не.

Дополнително раѓа сомнеж постапката на актуелниот градоначалник Горан Трајковски да организира ваков настан кој треба да биде гордост на сите делчевчани и пошироко, во ваков спорен објект.

На електронската апликација на Катастарот на недвижнини може да се забележи дека на локацијата не постои никаков објект вцртан во имотната документација:

Слика 1: Катастарска парцела на која е изграден спорниот објект

(Извор: https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/)

Слика 2: Приказ на Google earth со сите моментално изградени објекти на спорната парцела

Креирано од:


Пренеси го гласот