Говор на ниво на Македонска БЕСМРТНОСТ кој ќе остави неизбришлив траг за идните генерации МАкедонци!
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на денешната расправа на парламентарното собрание на Советот на Европа имаше свое значајно обраќање во кое што тој ги брани и афирмира интересите и волјата на мнозинстовто Македонски граѓани во однос на Македонскиот национален идентитет и воопшто постоење.
“…Изградивме Музеј на Холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во центарот на Скопје каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите.
Една друга работа која што сакам да ја поврзам со тоа но и со сегашните времиња: Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската Унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето на бугарската држава за време на Втората Светска Војна, тие беа тие што ја окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка. Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило.
За жал она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во ЕУ не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори.Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со ЕУ, користејки го нивнот членство во ЕУ да ја препишат историјата повеќе би рекол учтиво за нив, но на начин кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и против она што се случи за време на Втората Светска Војна.
-соопшти пред цела Европа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Ваквото историско обраќање на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е ќе биде запаметено во историски контекст на актуелните премрежја кои ги доживува Македонскиот народ против своја волја како еден од столбовите на кои ќе продолжи да се води современата борба за идеалите на славните илинденци, асномци….
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
39 годишен управител на фирма измамен за над 145 илјади долари од страна на фирма од Тајланд
Јавното обвинителство вложи жалба на одлуката за куќен притвор за двајца обвинети
Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност