Секое решение за историските прашања меѓу Бугарија и Македонија ЌЕ БИДЕ КОНСУЛТИРАНО со институциите на Македонија… стои во соопштението на СДСМ во кое што владеачката партија која ги има сите инструменти на контрола, моќ и присила во свои раце тврди дека ВМРО-ДПМНЕ која е игнорирана за сите прашања е виновна за состојбата која се случува на МАкедонија во однос на евроинтеграциите.
“ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со крајно неодговорно однесување нанесуваат штета на државните позиции и националните интереси.
Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не ѝ мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ.
Изминатиот период јавноста е сведок на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции.
Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура.
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи и тоа чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет.
Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, а секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија.
Јавноста гледа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Наштетуваат со ширење невистини, дезинформации и манипулации, заради лични и партиски интереси.”
-стои во соопштението на СДСМ упатено утринава до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава