БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 5 октомври 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ги известуваме корисниците на правото на Родителски додаток дека подготовката за исплата на ова право е во тек, и истата ќе се реализира во следниот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот