Временскит услови во јануари се нестандардно поволни за овој период од годината за вршење на повеќе теренски работи од страна на локалните самоуправи во нашиот регион. Ваквата можност веднаш ја искористува градоначалникот на Виница Миле Петков ој што со ангажираната механизација на терен работат на рехабилитација на улици низ градот Виница со цел за овозможување на подобри сообраќајни услови за граѓаните. Градоначалникот и надлежние служби упатија апел за трпение и разбирање од страна на граѓаните за можните потешкотии при одвивање на сообраќајот а улиците во нјкус можен рок ќе се асфалтираат според неопходната динамика за изведба на ваков вид градежни работи.
“Во тек е гребење на асфалтот на едни од најфреквентните улици во градот, се со цел квалитетно крпење на ударните дупки.
Ги замолувам за трпение граѓаните на Виница, веднаш штом целосно ќе се изврши гребење на асфалтот на повеќе локации во градот истите ќе се асфалтираат.”
-соопшти Градоначалникот Миле Петков во врска со оваа оперативна активност..

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево