БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек е реализацијата на 63 Рацинови средби во Велес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Велес Марко Колев согласно неговите определби за афирмација на локалните вредности на Велес, но и афирмација на безвременското дело на Македонскиот поет Кочо Рацин, во јавноста ги пренесува активностите кои што се реализираат во рамки на 63 Рацинови средби во Велес.

“Продолжуваат активностите во чест на Рацин!

Во рамки на 63. Рацинови средби, во ЛУ Библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоцијата на монографијата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од авторот Васил Дрвошанов. За значењето и вредноста на делото говореше промоторот Мишо Китановски, осврнувајќи се на богатото творештво и трајниот белег што Васил Тоциновски го остава во македонската книжевност и култура.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Веднаш потоа во Спомен-куќата на Рацин се одржа традиционалното „Сокаче на поезијата“, каде велешките поети преку поетско читање ја оживеаја магијата на пишаниот збор. Во рамки на настанот беше промовирано и списанието „Велес“, со промотор Васил Тоциновски.

Рацин е гордост, Рацин е Велес: 63. Рацинови средби продолжуваат!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Колев во врска со овие активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот