БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Во виното е вистината”- планинарски марш во организација на Free hikers

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На ден 18.11.2018 година, во пресрет на празникот св.Архангел, планинарското друштво Free Hikers организира планинарски марш по патот на виното “In vino veritas – Во виното е вистината”
Потеклото и значењето на името Долни Дисан, доаѓа од македонскиот јазик најверојатно од глаголот дише, како што наведуваат на преданијата за неговиот настанок. Според предание и толкување прибележано во селото, некој поп од Мариово откако го посетил овој крај раскажувал за местата со најубав воздух, каде најубаво се дише, па оттаму настанало името Дисан.
Лозјата на винаријата Венец претежно се наоѓаат во триаголникот Долни Дисан, Горни Дисан и селото Вешје, каде што микроклимата и тероарот го даваат најдоброто грозје во земјата. Лозјата се наоѓаат на надморска височина од 250 до 500 метри, а на 70 проценти не им е потребно наводнување. Венец е една од двете винарии во Македонија што одгледува многу повеќе грозје од што е потребно за нивното производство на вино. Оваа винарија им продава грозје на речиси сите винарии во земјата.

ОПИС НА ТУРАТА
– Појдовна точка, од селото Долни Дисан;
– Почетна точка 300 мнв;
– Со вкупна должина од 16 км;
– Патеката е кружна;
– Пешачењето е во времетраење од 6 часа вкупно;
– Тежина на турата лесна.

ПРОГРАМА:
– Организиран превоз од Неготино, во 07:00 часот, пред Единаесет катницата*
– Поаѓање од сред село Долни Дисан во 07:30 часот;
– Ручек и Вино пред кафаната на винарската визба “Венец” Долни Дисан*

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

НАПОМЕНА:
*од организаторот ќе има обезбедено:
– еден автобус и едно комбе
– грав со кубаси
– вино
затоа сите планинари да си носат соодветен прибор за јадење и пиење
Ве замолуваме сите што планирате да учествувате во маршот , за да имаме точна информација за бројот на гости и подобра организираност, ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ на тел.бр. кај:
– Ахмет Муратов 072/216 754 и
– Бојана Андонова 075/535 436

ПОТРЕБНА ОПРЕМА :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , очила за сонце.

ИСХРАНА:
-Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 1,5 л., суво овошје, сендвичи, електролити

НАПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.

Креирано од:


Пренеси го гласот