БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: СЕЌАВАЊЕ НА ОНА ШТО ЌЕ СЛЕДИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Постарата генерација веројатно се сеќава дека во СФРЈ постоеја неколку обиди за промена на химната „Хеј Словени!“ Последен посерозен обид беше во 1973/74 година. Тогаш како најприфатлива беше мелодијата од македонскиот композитор Таки Хрисик. Меѓутоа, проблемот настана кога некои почнаа да негодуваат, тврдејќи дека во СФРЈ не живеат само Словени, туку и други народи. Со други зборови, сметаа дека треба да се менува не само химната на државата, туку и нејзиното име. Тие барања не дојдоа однадвор, туку одвнатре, од одредени незадоволници во СФРЈ. Денес Република Македонија е во слична, дури и идентична ситуација. Тоа значи дека Грција не мора да побара промена на химната (како и на името на државата) туку тоа ќе се направи одвнатре – од некои персони, граѓани на Република Македонија, кои сметаат дека во неа живеат и други, различни од Македонците. Според тоа, речиси е извесно дека ќе следи промена и на химната, бидејќи не биле само Делчев, Дамјан Груев, Сандански, туку биле и…

П.С. Некои работи, по сè изгледа, македонската Пандора не ги предвидела.

Креирано од:


Пренеси го гласот