Последните микробиолошки испитувања на водата во Езеро Младост, покажуваат дека микробиолошки езерската вода е исправна за користење и е оценета како “одлична”.
Важен заклучок е дека водата во езерото може да се користи за капење и рекреација, а нејзиниот квалитет редовно ќе се проверува во текот на летниот период.
Сите поголеми угостистелски објекти, вклучувајќи го и угостителскиот објект лоциран во водите на езерото се веќе приклучени на Регионалниот колектор за фекална канализација кој минува околу езерото. Општина Велес ЈКП „Дервен“ изврши темелно косење на вишокот зеленило од почетокот на Градска плажа до браната на акумулацијата.
Општина Велес апелира до граѓаните заеднички да се грижиме и совесно да се однесуваме со фрлање на отпадот со што се придонесува за чистотата на езерото Младост.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи