Уште многу малку време до 16-тото издание на „Пивофест 2018“. При крај се подготовките за најголемиот фестивал на пивото и скарата не само во Македонија, туку и на пошироките балкански простори. Ќе ви се претстават многу познати имиња од домашната и странската музичка сцена.
Од агенцијата „Ентфинити“, која е организатор на „Пивофест 2018“, велат дека музичката програма е прилагодена за сите посетители и генерации, независно од нивната возраст и музички афинитети. „Пивофест 2018“ ќе го отворат Бени и Нонстоп, а во текот на четирите вечери, посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите на Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, Црвена јабука, Ван Гог, Мозел, Кирил Џајковски, Џенан Лончаревиќ, Тони Зен и други.

За посетителите од другите градови, на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини.
Паркингот ќе изнесува 50 денари од ден. „Пивофест 2018“ ќе се одржи во центарот на градот, како и секоја година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија