Претставници од Општина Охрид остварија средба со претставници од Советот на словенечкиот град Пиран. Гостите кои во Охрид престојуваат по повод интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“ го изразија своето задоволство од одличното претставување на словенечката култура на настанот што се одржува на сцената на Долни Сарај од 23 до 27 јуни.
На средбата се разговараше за сличните проблеми со кои се соочуваат градовите со старо јадро како што се Охрид и Пиран, а се разгледуваа и можностите за размена на ученици меѓу двата града.
Охрид е збратимен град со Пиран од 1981 година.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија