Општина Охрид со задоволство ги прими ветераните од културно уметнички друштва од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот „Разиграно оро“ што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.
На средбата гостите истакнаа дека се воодушевени од гостопримството на охриѓани, а потенцираа дека Охрид од година во година е се поуреден и поубав туристички центар кој е идеален склоп на модерното и традиционално време.
Фолклорниот фестивал “разиграно оро” се одржува по 14-ти пат, а за прв пат на него учествуваат ветерани од бившите југословенски републики.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија