Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред малку упати остра реакција преку социјалните мрежи во врска со фактот дека во изминатото деноноќие во државата се забележани 62 нови случаи на заразени со корона вирусот.
Во продолжение во целост ја пренесуваме истата:
“Неопходно е итно консолидирање на системот. Бројката од 62 новозаразени од Ковид-19 предупредува дека имаме работа со втор бран и Комисија за заразни болести која делува под политички диктaт.
Не е време за партиски конфликти, туку робустна акција за заштита на здравјето на граѓаните. Одговорноста подразбира и лидерство. Здравјето мора да биде заштитено.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција