Пред 2 дена градоначалникот на Виница Миле Петков заедно со фирмата изведувач на новиот градски пазар го потпишаа договорот за изведба на овој значаен капитален проект за граѓаните на Виница, што ќе значи раздвижување на економијата во оваа општина но и поширокиот регион.
Денеска на лице место градоначалникот и општинските служби го воведоа изведувачот во работа со што започнаа работите за изведба на проектот.
На лице место можеа да се забележат остатоци од работата на претходната локална власт на СДСМ кои што без финансиско покритие беа започнале со работа, без да исплатат пари на изведувачот на овој објект.
“Откако пред 2 дена го склучивме договорот, денес го воведовме во работа Изведувачот ДПТТГТУ „ЛАБИНО ТРЕЈД“ ДООЕЛ од Гостивар за изградба на затворениот градски пазар.
Од страна изведувачот добив уверувања дека изградбата на градскиот пазар ќе се интензивира за што е можно побрзо Виница добие нов затворен градски пазар.
Истовремено направив увид на реконструкција на водоводната мрежа односно замена на азбест-цементни со полиетилентски цевки со висок квалитет на дел од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Н.Н.Борче“.
Откако ќе заврши реконстукцијата на водоводнта мрежа ќе извршиме и реконструкција на улиците на овој потег.”
-информираше градоначалникот на Виница Миле Петков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип