Во текот на денешниот ден пратеникот Драган Ковачки придружуван од пратеникот Игор Здравковски имаше своја работна посета на граѓаните на Велес.
Тој од Велес за јавноста ја даде следната изјава:
“Вчерашниот митинг во Скопје покажа дека Македонија има енергија, една многу убава, позитивна енергија. Го слушнавме крикот на народот, крик за промени. Промени кои што ќе донесат одговорност за елитите кои што ја донесоа оваа држава во калта односно ја донесоа во ќор сокак.
Промени кои што ќе донесат нова иднина односно нова надеж за сите граѓани во Македонија.
Вчерашниот митинг покажа дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде претседател на Република Македонија, лидер кој што и ќе работи по принципи и лидер кој што ќе носи европски вредности. Затоа ве повикувам сите на 24 Април масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова.”
-рече денеска од Велес Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026