БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Воздухот над Македонија мириса на револуција. Врие Македонизмот во секој агол на Република Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дали осеќате?

На целата потиштеност, на сите репресалии и газење по човечки судбини…

На сите неправди и плукање во очи на демократијата и основните човекови права…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На целиот идиотизам и забеганост…

И покрај насилството врз човечкото достоинство врз многумина….

Денешниот државен празник во јавноста донесе нова свежина на старите идеи.

Шепотот по домовите Македонски почна да станува крик, понижениот поглед почна да раѓа светлина.

Денес на 23 Октомври, исто како и пред 127 години…

Еруптира Македонскиот вулкан на постоењето. Бомби од вжештена лава го најавуваат она што многумина Македонци го очекуваат веќе подолг временски период. Овој изблик на Македонизам е своевиден показател на тоа што следува. Впрочем тој никогаш и не престанал. Вечната борба за слобода на Македонскиот народ има само свои падови и подеми.

Денес на 23 Октомври се осеќа во воздухот над Македонија, мирисот на таа вечна борба.

Социјалните мрежи се преплавени од патриотски пораки и подготвеност и решителност за реализација на идеите за просперитетен живот на Македонските граѓани.

Прашање на време е кога ќе потече таа река на вжештена лава по ридот на слободата.

И да бидеме сигурни дека никакви препреки не можат да ја запрат. Можеби ќе ја успорат, но не и да ја застанат.

Македонија е жива!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот