Пред да продолжите да го читате овој прилог и да го погледнете видеото, имајте предвид дека криминалниот ум не е рационален. Немојте да дозволите да бидете нечии жртви!
Еден случаен муштерија во Тако Бел во Мериленд- САД ја научи оваа лекција на тешкиот начин, откако неговиот врат беше пресечен со нож од луда жена во фоајето. Медиумите известуваат дека Кајли Мејсон која е на возраст од 22 години, била осудена на 7 годишен затвор откако му го пресекла гркланот на Џејсон Лужков како резултат на неговите приговори упатени кон нејзе додека таа гласно ги критикувала услугите на персоналот во ресторанот. Тој едноставно побарал од нејзе да престане да ги малтретира вработените во Тако Бел ресторанот.
Додека таа се однесувала лудачки внатре во ресторанот, нејзиниот дечко и нејзините две деца ја чекале надвор во автомобил.
Мејсон била прогласена за виновна за напад од втор степен со нож против Лужков. Нејзиниот напад му оставила на 48 годишниот човек расекотина од увото до неговото Адамово јаболко на неговото тело.
На судењето таа неможела да го порекне злоделото направено со нападот затоа што моментот бил снимен со камера.
Видеото достапно на јутјуб е со ЕКСПЛИЦИТНА ГРАФИЧКА СОДРЖИНА КОЈА СОДРЖИ НАСИЛСТВО И ГЛЕДАЊЕТО НА ИСТОТО Е НА ВАША ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Долгогодишен административен проблем е причина за доцнењето од неколку денови на платите за вработените во Министерството за култура и туризам
Судија на фудбалски натпревар во село Зрновци бил физички нападнат од струмичанец
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар: Загинале 3 а повредени се 8 лица