Скриено под превезот на ,,повисоката цел”, ВЧЕРА, времената администрација во Македонија, олицетворена како институција-Влада на Р.Македонија го направи најголемиот историски преседан.
Дали најконтроверзната личност во Македонија, пред и после Втората светска војна, за која сме учеле и истражувале дека е најголемиот сатрап, под силна полициска опсада (ама буквално), без никаков политички фит-бек или рационален консензус беше прифатена и инсталирана како иден мост за градење пријателство меѓу две држави??
Дали боцкањето во болните македонски точки и пукањето во нерв е начин да се привлечат гласови и подржувачи од страна на оваа Власт, ама ич не ми е јасно и дали таа ,,повисока цел” има граници, начела, идентитет и реално име??
Дали немаше да биде многу помудро ако веќе се отвора таков клуб на пријателство да биде лик и репер кој живеел, работел, творел (ама позитивен пример на соживот?!), некој како Пеју Јаворов, соработник, помошник на Гоце, и како таков , и да е Бугарин, полесно ќе влезеше во срцата на Македонците, отколку вака, на овој дрзок, безобразен чин на понижување?! Ваквите политички благи обланди, сме ги учеле и голтале како мирнодопски начин на асимилација и инфилтрација без консултација со граѓаните, како начин да се умртви македонскиот сенс за свое…нејсе, секоја историја има ликови со кои не може и не треба да се гордее…а доколку ова е МОСТОТ, преку кој оваа ВЛАДА, ќе гради пријателства, само ги оддалечува двата народа. Еве, утрово како и за секој празник мене ми честитаа Цветници-влегувањето на Исус во Ерусалим, моите пријатели од Бугарија, кои си се Бугари ама знаат да почитуваат човечност, комшија, другар, пријател…погрешната политика која ја ,,води” оваа Влада не е причина ние кои живееме и се почитуваме со години, да го сопреме нашето пријателство! НЗС од сето вчера е:Времената администрација направи да се чувствуваме како времена територија.
Образложение: Заев кажа некни од Грција дека сега сме побезбедни.
Дали е така, ако геополитички свесно одиме во друг правец?! И дали се среќни мнозинството граѓани Македонци (тука не мислам на одредени министри кои даваат изјави во корист на други соседни држави) од отворањето на овој, ваков, т.н. МОСТ на пријателство и каде е тука реципроцитетот??
Пишува: Гоце Марков
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шарената револуција никогаш не згасна: Истите шарени револуционери денес се обидуваат да ја украдат тагата на цела една нација
Не треба да дозволиме црнината на нашите души да не вовлече во уште поголема темнина, од која овојпат нема да има враќање
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?